Гостивар
Гимназијата во Гостивар го одбележа 8 Декември, Денот на Свети Климент Охридски

Со пригодна свеченост и доделување на благодарници на професори и ученици гостиварската гимназија го одбележа Денот на Свети Климент Охридски, 8 Декември. „Овие денови ги посветуваме на оној кој ни го тргнал слепилото од очите, ни ја дал слободата на душата и ни ја подарил најголемата моќ со кој може да се здобиеме – знаењето. Вечно да се слави 8 Декември“, порачаа гимназијалците. Настанот го менторираа професорките Андријана Страшевска, Ема Неделковска и Жаклина Ѓорѓиоска, а културно – уметничката програма беше исполнета со драмска, музичка изведба и литерутурни творби.
„Во оваа прилика им беа доделени благодарници на учениците Михаела Јаќимоска, Михаела Антеска, Росица Матеска, Мила Давидоска, Теодора Матеска, Ристе Брчиоски за нивниот севкупен ангажман во училишните настани и одбележувања. Благодарници беа доделени и на професорите по природни науки Мирослав Петроски, Валентина Штерјовска, Ѓоко Атанасовски, Ирина Нофитоска и Билјана Штерјовска за нивната заложба и придонес во промоцијата на природните науки. Посебна благодарност до директорот на училиштето Мирсад Исени за неговата поддршка во реализацијата на сите настани и одбележувања.“, истакнаа од колективот.
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 2 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение