Гостивар
Гимназијата во Гостивар го прослави 11 Октомври: Нашата историја не‘ мотивира!

Со пригодна манифестација исполнета со историски осврти и културно-уметничка програма, гостиварската гимназија го одбележа претстојниот државен празник, 11 Октомрви, Денот на народното востание. Прославата се организираше под мотото „Нашата историја не‘ мотивира да чекориме напред, да веруваме во себе“.
„Во најубавата приказна за слободна Македонија се вградени судбините на огромен број млади луѓе . Затоа, ова наше востание мора да стои на пиедесталот на македонскиот народ во креирањето на вистинската приказна за Република Македонија“, истакнаа гимназијалците на отворањето на настанот.
Програмата беше исполнета со историски осврт и видеопрезентација на состојбите во Македонија за време на Втората светска војна, рецитации и музички изведби.
Во чест на 11 Октомври, Активот по македонски јазик распиша конкурс за поетски творби и есеи. Средношколците автори на најдобрите творби, на манифестацијата добија пофалници и благодарници, кои им ги врачи пом.директорката Светлана Јовановска.
Наша должност останува да го чуваме она за што храбрите борци ги дадоа своите животи!“, порачаа гостиварските гимназијалци.
-
Гостиварпред 1 месец
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 5 дена
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
„Сокче од морковче“… дознајте кои се огромните придобивки
-
Занимливостипред 2 недели
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 1 недела
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Ниќифорово може да даде уште една потврда дека Македонија е библиска земја
-
Македонијапред 6 часа
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава