Гостивар
Гимназијата во Гостивар го прослави Денот на Свети Климент Охридски

Празникот посветен на просветителот и светец, Климент Охридски, 8 Декември во средното општинско училиште Гостивар (гимназија) беше одбележан со пригодна манифестација збогатена со културно-уметничка програма. Настанот, традиционално го организираше училишниот Актив по македонски јазик и литература, со цел младите генерации да се потсетат на големината на ликот и делото на најпознатиот ученик на светите браќата Кирил и Методиј, Свети Климент.
Програмата беше исполнета со рецитал и лични творби на ученици и музички изведби. Се одржа и квиз на знаење, на кој учениците во тимови ги измерија силите во знаење по македонски јазик и литература.
Дел од чествувањето беше и презентација на ликовни творби посветени на основоположникот на словенската писменост во Македонија.
На манифестацијата покрај управата на училиштето, професори и ученици присуствуваа и претставници од општинскиот сектор за образование.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 1 месец
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава