Гостивар
Гласот на Ембла мора да се слушне! Во Гостивар одбележан Денот на лицата со Даунов синдром

На пригоден настан со бројни пораки за прифаќање и вклучување во заедницата, надминување на стереотипите и пружање поддршка, во Гостивар беше одбележан Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, 21 Март.
Во рамки на настанот, кој се одржа во општинската сала, беше формираното Здружение за поддршка на лицата со Даунов синдром, кое го носи името на 11 годишната Ембла Адеми, чиј случај неодамна ја разбранува јавноста. Иницијативата за здружението ја покренаа родителите на Ембла.
„Децата со Даунов синдром имаат потреба од поддршка и разбирање, што ќе им пружи шанса да ги покажат своите квалитет и капацитетот што го имаат. Им треба позитивен пристап, прегратка, трпение.“, рече меѓудругото пред присутните мајката на Ембла, Арифе Адеми.
На одбележувањето се обрати и градоначалникот Арбен Таравари.
„Честитики до родителите на Ембла за иницијативата за формирање на здружението. Сите ние живееме со некаков синдром, некој со депресија, друг со висок крвен притисок, трет со осаменост…Затоа треба да ги сфатиме и да ги прифатеиме лицата со Даунов синдром како дел од нашето живеење“, рече градоначалникот.
Во име на фондацијата формирана по случајот со Ембла, како претставник се обрати Сефер Цановски.
„Универзитетот ФОН долги години работи за помош на лицата со посебни потреби, но со оваа фондација сакаме да помогнеме суштински, ќе се работи од научен аспект и ќе има реална поддршка, затоа што родителите на овие деца се соочуваат со бројни препреки и тешкотии секојдневно. Гласот на Ембла е посилен од гласот на милион луѓе, гласот на Ембла е глас на политичар, глас на доктор, на стопанственик. Ние мора да го слушнеме гласот на Ембла“, рече Цановски.
На настанот беа прикажани кратко видео и презентација со пораки за сензибилизирање на јавноста за потребите и состојбите на лицата со Даунов синдром.
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 2 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 3 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 2 месеци
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение