Поврзи се со нас

Гостивар

Главната Пошта во Гостивар ги отвори шалтерите за уплата – Апел да се почитуваат антиковид мерките

Објавено

на

По неколку месеци пауза, од денес граѓаните повторно може да плаќаат сметки, фактури и да вршат други плаќања на шалтерите на Пошта. Во Гостивар за сега уплати може да се вршат само во главната пошта, којашто се наоѓа кај Саат Кулата. Системот е имплементиран согласно договорот со новиот партнер Халкбанка, а првата недела ќе биде тест период за да се остранат евентуални пречки и недостатоци, појаснуваат наделжните. Од Пошта Гостивар апелираат на почитување на мерките за заштита против ковид и задолжително поседување лична карта при уплата.

„Денес официјално почнавме со сите уплати. Првата недела е тест период, имаме нов партнер и не е истата апликација, мора нешто да тестираме, да не се јават некои пречки, да се провери дали е се во ред. Сакам да нагласам дека без лично доаѓање, без носење лична карта нема да се вршат никакви уплати. Исто така, апелираме граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита против коронавирус, да не се туркаат, да не се создаваат гужви, јасно е напишано на влезната врата по колку луѓе може да влегуваат во салата за плаќање. Со часови чекале пред банките, а за во Пошта не се навикнати да чекаат. Ние ќе се потрудиме да ги услужиме сите што побрзо, но мерките мора да се почитуваат. Друго што треба да се знае е дека моментално уплата може да се врши само во главната пошта, кај Саат Кулата, но тоа не значи дека така ќе остане и понатаму. За брзо време плаќања ќе може да се вршат и во другите банки“, рече Бетим Мехмеди, директор на Пошта на С.Р.М., подружница Гостивар

Провизиите при плаќања во Пошта се пониски отколку во банките. За уплати до 2.000 денари провизијата е 35 денари, додека за фктури за струја и телекомуникациски услуги помали.

Според најавите, наскоро коминтентите на Халкбанк на шалтерите на Пошта ќе можат да вршат и директни плаќања од своите сметки, а ќе бидат овозможени и други банкарски услуги.

Платниот промет преку Пошта беше прекинат по прогласувањето стечај на Еуростандард банка, која претходно имаше договор за таа намена.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена