Поврзи се со нас

Видео емисии

Гледајте денес – Видео интервју со д-р Стојо Бошкоски

Драга и почитувана публико, иако вообичаено медиумските проекти налето се ставаат на пауза, ние решивме да започнеме нов, токму сега, во топлите летни денови. Како Gostivarpress.mk од самиот почеток на работата се трудиме да оставиме сопствен белег, препознатливост, градиме имиџ на доверлив и професионален медиум близок до читателите, а истовремено сакаме и да ги тестираме своите граници, да внесуваме нови предизвици, да ја збогатуваме содржината што ја подготвуваме за вас.

Објавено

на

Овојпат, нашите сили ги насочуваме кон продукција на циклус видео интервјуа на најразлични теми: актуелни, интересни, корисни со соговорници кои и тоа како, имаат што да кажат и раскажат.

Чест ни е да ви го најавиме првото Gostivarpress.mk интервју коешто ќе го емитуваме денес. Наш гостин во студиото е д-р Стојо Бошкоски, интернист-ендокринолог во гостиварската општа болница. Разговараме на теми кои се негова експертиза како дијабетот и функционирањето на тироидната жлезда, отвораме и општи теми за здравјето, навиките, превентивата. Ќе имате можност да слушнете медицински совети кои ќе ви бидат од корист, но и тоа како се чувствува еден лекар кој преживеал застој на срцето, бил поставен на респиратор и се лекувал и закрепнувал на Клиниката за кардиологија месец и половина, а сега дневно прегледува и се грижи за 70-80 пациенти во амбуланта.

Премиерата на интервјуто со д-р Бошкоски ќе ја прикажеме вечерва на нашиот Јутуб и Телеграм канал.

Бидете со нас! Следува отворен, искрен и на моменти емотивен разговор.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

сите дневни вести на Телеграм:

Гостиварпред 3 недели

Гостиварецот Гоце Димовски нов директор на Дирекцијата за ТИРЗ

Гостиварпред 4 недели

Дорис Димовска, млада музичка надеж од Гостивар подготвена да ја освојува сцената

Македонијапред 1 недела

Денес се слави Петровден

Регионпред 4 недели

Во Црна Гора се отвора првата плажа за жени со хиџаб

Гостиварпред 1 недела

Викендов 61 издание на Галичка свадба

Гостиварпред 3 недели

Трагедија во Маврови Анови: Починал малолетник откако врз него паднал бојлер

Гостиварпред 3 недели

Повеќе здравствени установи со нови в.д. директори, Танер Хасан на чело на Клиниката за ендокринологија

Гостиварпред 3 недели

Разрешен директорот на болницата во Гостивар, кој ќе биде назначен за в.д.?

Македонијапред 3 недели

МојДДВ продолжува со примена, за Граѓанскaта обврзница ќе треба да се врати довербата во системот-рече Димитриеска-Кочоска

Гостиварпред 4 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 4 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 6 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 7 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 8 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 8 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 11 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 11 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 12 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Огласи за работа:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена