Македонија
Глобална недела на парите: Посети, едукација и квиз во Народна банка

Глобалната недела на парите, којашто започнува од денес, во земјава ќе се одбележи со бројни активности од сферата на финансиската едукација се одбележува, во насока на јакнење на свеста за потребата од поголема финансиска писменост и вклученост.
Народна банка соопшти дека започна едукативен караван за ученици од училишта, главно од рурални делови на земјава, во текот на Глобалната недела на парите да ги посетат централната банка и другите регулаторни институции на финансискиот систем. При посетата на Народната банка, учениците ќе имаат можност да проследат едукативни презентации, да добијат едукативни материјали коишто ќе им овозможат финансиско едуцирање соодветно на нивната возраст, како и да го посетат Музејот на Народната банка.
Посебен настан во рамките на Глобалната недела на парите ќе биде националниот натпревар во рамките на Европскиот квиз на парите, којшто за првпат ќе се одржи во нашава земја. Оваа активност е на иницијатива на Македонската банкарска асоцијација, а во извршувањето покрај Народната банка, се вклучени и Комисијата за хартии од вредност и Министерството за образование и наука. На натпреварувањето, на 27 март, ќе бидат избрани националните победници кои ќе ја претставуваат земјава на финалето што ќе се одржи во Брисел, во организација на Европската банкарска федерација.
Од вчера Народната банка започна да го објавува серијалот текстови „Економија за секого“, преку кој, на едноставен јазик, за пошироката јавност се објаснуваат одредени поими или појави од областа на макроекономијата, финансиите и банкарството.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 3 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?