Гостивар
ОУ „Гоце Делчев“ во Гостивар ги пречека учениците со нов лик

Училиштата ги отворија вратите за учениците во новата 2022/2023 учебна година. Овој први септември основното училиште „Гоце Делчев“ во Гостивар го стартува со нов лик, односно реконструирана фасада на објектот, со цел да се постигне енергетска ефикасност.
„Ако погледнете слика од ОУ „Гоце Делчев“ од 2017 година и сега, ќе видите дека навистина се разликува и има огромни промени. Знаете каков беше кровот, а сега училиштето има зелен кров, и е единствено училиште во Македонија со зелен кров. Исто така, заврши и реконструкцијата на фасадата, со тоа се овозможува заштеда на енергија. Генерално во сите училишта во Гостивар имаме инвестиции. Последните се во медицинско на фасадата, потоа во гимназијата каде се менува втората половина од прзорците. Во „Башкими Единство“ се вршат работи во специјалната училница за деца со посебни потреби, во „Исмаил Ќемали“ направивме посебен кабинет за информатика и библиотека. Во изгледот и условите на училиштата генерално пред 2017 и сега има огромна разлика, а за тоа се сведоци и наставници и граѓаните. Но никогаш не е доволно за училиштата и ние ќе продоиме да инвестираме во уште подобри услови.“, рече градоначалникот Арбен Таравари, при денешната посета на училиштето.
Највозбудени на први септември се првачињата, кои започнуваат нова етапа од својот живот. Сите со љубопитност, некои зачудени, некои насмеани, а паднаа и две три детски солзи, па и обиди да се развеселат детските очиња…
„Според мене животот се дели на три етапи, кога не се оди на училиште значи до 6 години, потоа кога се оди и завршува училиште и потоа доаѓа крајната етапа на животот. Секако дека тргнувањето во училиште носи радикални промени во животот на децата, но тие многу битни за понатамошниот развој. Повеќето се многу емотивни, некои се радосни, други тажни, на некои им е тешко да се разделат од родителите. Сетоа тоа е разбирливо, меѓутоа ние како општество треба да се вложиме, да работиме со нив, затоа што ги подготвуваме да бидат идни добри кадри кои архитекти, доктори, прфесори, уметници итн.“, рече градоначалникот.
Во ОУ „Гоце Делчев“ во Гостивар годинава се запишани над 110 првоодделенци.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 2 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?