Поврзи се со нас

Гостивар

Гоце Андриевски нов претседател на СДСМ во Врапчиште

Објавено

на

Општинската организација на СДСМ во Врапчиште доби нов претседател. За прв човек на организацијата е именуван Гоце Андриевски, на месото на досегашниот Војче Исакоски.

„Да се биде дел од социјалдемократското семејство е чест и привилегија, но да се биде на чело на Општинска организација претставува голема одговорност и предизвик. Изразувам голема благодарност до претседателот Димитар Ковачевски, генералниот секретар, потпретседателите и останатите членови на Извршниот Одбор за укажаната доверба да бидам новиот претседател на Општинската организација на СДСМ Врапчиште.

Исто така, се заблагодарувам и на досегашното раководство на ОО на СДСМ Врапчиште за досега сработеното како и на сите со кои во изминатиот период соработувавме и ми даваа поддршка. Ветувам дека чесно и одговорно ќе ја вршам функцијата и ве уверувам дека СДСМ повторно ќе биде победничката партија во Врапчиште.“, наведе Андриевски, кој е инструктор по возење и карате тренер.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена