Гостивар
Гоце Димовски нов претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Гостивар

Гоце Димовски е избран за нов претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар од страна на Извршниот комитет на партијата и претседателот проф. д-р. Христијан Мицкоски.
Триесет и шест годишниот Димовски додипломски студии има завршено од областа на бизнис администрацијата и инженерските науки, магистрирал бизнис адмнистрација (МБА) на Универзитетот на Југоисточна Европа, а докторира на тема “Улогата на странските директни инвестиции во перформансите на малите и средни претпријатија во Република Македонија”. Димовски, своето стручно образование го надградувал на меѓународни образовни институции како што се Европската сертификациона и квалификациона асоцијација во Република Австрија, Јапонската меѓународна агенција за соработка во Јапонија, Лондонската школа за бизнис и финансии во Обединетото Кралство, Меѓународниот институт за бизнис и менаџмент во Сојузна Република Германија и други.
Гоце Димовски е истакнат долгогодишен член на партијата, работи во приватниот сектор, а воедно работи како консулант на инвестициски проекти финансирани од страна на меѓународни финансиски и други институции.
-
Гостиварпред 4 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Рецептипред 3 месеци
Крем супа од тиква и морков – топло, вкусно и хранливо