Гостивар
Годинава 4,8 милиони денари за нови дрвца, цвеќе и украсна трева во Гостивар

Нови садници и цветен расад, реконструкција на дел од градскиот парк, подигнување на нови зелени површини во селата, хортикултурно уредување во дворовите на училиштата. Ова се дел од активностите предвидени во Програмата за работа на Јавното претпријатие за паркинзи и зеленило во Гостивар, за 2020-та година.
Вкупниот буџет за зеленило изнесува 15 милиони денари, од кои околу 4,8 се планирани за набавка на дрвца, цветен расад, украсни грмушки и трева и слично. Останатите средства се за тековно одржување и плати на вработените.
„Во текот на оваа година имаме планирано целосно реновирање на градскиот парк во делот кај болницата. Тука ќе се засадат нови дрвца, ќе се средат тротоарите и ќе се постави ново осветлување. Лани во градскиот парк беа отстранети седум стари ризични дрвја, пред почетокот на зимската сезона беа засадени 32, а годинава планираме да продолжиме со уште 150 нови садници. Минатата година почнавме со изградба на паркови и во руралните средини, поточно во Балиндол и во Равен, а оваа година истото ќе го направиме и во други села, кадешто има услови и локации за такво нешто“, рече Беким Челебиу, директор на ЈП за паркинзи и зеленило. Во паркот меѓу другото, ќе се засадуваат дрвца од видот: јавор, смрека, липа и див костен. Гостиварското претпријатие за паркинзи и зеленило покрива површина од над 745 илјади метри квадратни, од кои 403 илјади во градот, а останатото вонградско зеленило.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар