Гостивар
Годинава на аџилак од Гостивар и гостиварско заминуваат 451 лице, добија благослов и совети

Во организација на гостиварското муфтиство, вчера се одржа информативна средба со верниците од подрачјето на Гостивар кои годинава ќе заминат на аџилак, а ги има вкупно 451. Поглаварот на ИВЗ, Реисот Шаќир ефенди Фетаху на настанот соопшти дека сите подготовки се одвиваат според предвиденото.
„Се чувствувам задоволен што на покана на муфтијата сум овде пред верниците од Гостивар и околината. Со наша заедничка заложба аџилакот ќе биде најдобро организиран, а на државно ниво имаме рекорден број од 2.030 аџии, најмногу од балканските земји.“, кажа Реисот.
Гостиварскиот муфтија, Сабахудин Зендели говореше за вредноста и важноста на аџилакот за муслиманските верници, а се осврна и на деновите на престојот во Мека и Медина, условите, правилата, одредбите и сл.
Медицински лица, пак ги информираа присутните околу здравствените препораки коишто треба да се следат за заштита и безбедност на здравјето.
На крај на верниците им беа поделени пакетите со ихрам (традиционалната наметка за аџилак), книги, марамчиња итн.
фото:Муфтиство Гостивар
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!