Гостивар
Годинава продолжува организирањето на традиционалната Стенечка свадба со горнополошки народни носии

Црковниот одбор во тетовско Стенче летово ќе се обиде да ја продолжи традицијата за организирање Стенечка свадба, на која младенците ќе ги носат препознатливите локални народни свадбарски носии. Поради пандемијата оваа традиција беше во прекин изминатите три години, а претходно десетина години редовно се одржуваше.
„Уште пред повеќе од еден век, традиционално во село Стенче на Илинден, 2 август редовно се одржувала Стенечка свадба, а воедно се празнувала селската слава и се одбележувал патрониот празник на црквата Свети Илија. Младенците својата венчавка во црква ја правеле според традиционалните стенечки обичаи со носење на горнополошка стенечка носија. Ние, како црковен одбор оваа традиција ја возобновивме пред 10-тина години, но поради пандемијата истата беше во прекин, па годинава сакаме повторно да се направи таква венчавка со нашите традиционални свадбарски носии“, информира Петре Гроздановски од црковниот одбор.
Покрај зетот и невестата, во традиционална горнополошка стенечка носија треба да бидат облечени и кумовите и старосватите. За младенците условот е да не биле венчани во црква, додека може да имаат направено склучување на граѓански брак во матичната служба.
„Иако се празнувало и се правеле свадби за Илинден, сега поради повеќе причини и општествени прилики како црковен одбор сме флексибилни и на младите им нудиме ако сакаат да прават свадба и на друг датум, како и да изберат во која црква сакаат во селото бидејќи има повеќе. Единствен услов за време на црковната венчавка да бидат облечени во народните носии кои црковниот одбор ги има и им ги обезбедува бесплатно за оваа свеченост“, велат стенчани.
Во Стенче венчавката може да се направи во црквите Свети Илија, Света Петка, Света Екатерина и Свети Атанасиј. Црковниот одбор објави и оглас за пријавување, кое ќе трае до 15 јули.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!