Македонија
Годинава прославата на „Успение на Пресвета Богородица“ во Леуново ќе започне со пливачки маратон

Во пресрет на 28 август, најголемиот празник за село Леуново, ќе се одржи пливачки маратон кој ќе биде дел од годинешното одбележување на „Успение на Пресвета Богородица“ во ова село, кое се наоѓа на источниот брег на Мавровското Езеро.
Пливачкиот маратон ќе се одржи на 25 август. Пливачите ќе стартуваат во 11.30 часот од Маврови Анови (под амбулантната зграда) каде е поставен стартот и според правилата на FINA ќе мора да ја препливаат делницата од 3 километри низ водите на Мавровско езеро за помалку од 30 минути, до спротивниот брег во Леуново, каде ќе биде поставена целта, под хотелот Радика.
Своите пливачки способности и вештини ќе ги одмерат повеќе од 25 пливачи од повеќе пливачки клубови од Македонија и странство, кои ќе бидат организирани во две групи машки и женски, без возрасно ограничување. Маратонот Леуново 2019 е дел од Маратонскиот Куп во маратонско пливање и пливачите ќе бидат бодувани според таблицата на FINA за трки на отворени води.
Прогласувањето на најдобрите и доделувањето на наградите е закажано за 14.30 часот, во Леуново.
Маратонот е во организација на: Општина Маврово и Ростуше, Национална пливачка федерација на Македонија, Пливачки клуб “Охридски бранови”, Кајак Клуб “Бабуна”.
Годинешниот пливачки маратон е дел од прославата на селската слава „Успение на Пресвета Богородица“, која традиционално се одржува на 28 август, за кога е и закажана централната прослава во кругот на црквата во Леуново.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 2 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар