Поврзи се со нас

Гостивар

Годишно во земјава кај 150 жени се дијагностицира рак на грло на матката

Објавено

на

Статистиката на Регистарот за рак покажува дека секоја година во нашата држава се појавуваат околу 150 нови случаи на рак на грлото на матката, а во просек умираат од 30 до 40 жени од оваа болест годишно, соопшти Институтот за јавно здравје по повод Неделата на борба против рак на грлото на матката.

ИЈЗ е вклучен во активностите за превенција на т.н. цервикален канцер од самиот почеток на спроведување на скринингот, пред околу 15-тина години. Активностите се состојат во: спроведување на кампањи, одбележување на jануари како месец на подигање на свеста за можностите за превенција на ракот, одбележување на Европската недела за борба против овој рак во последната недела од јануари со подготовка на стручни материјали, учество на експерти од Институтот во работата на Комисијата за скрининг при Министерството за здравство во процесот на креирање и мониторирање на превентивната програма, водење на здравствената статистика со прибирање и доставување на податоци за морбидитет и морталитет од цервикалниот канцер, како во светот, така и во нашата држава на сите заинтересирани организации и установи итн.

Откако е започнат редовниот бесплатен скрининг на жените од 24 до 61 годишна возраст на секои 3 години, во просек годишно се опфаќаат околу 10% од соодветната возрасна група жени, околу 60% се тестираат од вкупно поканетите жени, пришто се прават во просек околу 24 000 ПАП тестирања и се откриваат околу 10% епителни клеточни абнормалности во вкупно цитолошки анализираните брисеви.

„Се надеваме дека кризата со пандемијата од КОВИД19 ќе помине набргу, и многу поголем број жени ќе имаат можност да направат бесплатни тестирања со ПАП тест или ХПВ тест за рано откривање на цервикалниот канцер, во неговите рани стадиуми, со што навремено ќе се обезбеди соодветен третман и лекување,ќе се продолжи животот, но и ќе се подобри квалитетот на животот на жените.“, се вели во изјавата на директорот на ИЈЗ, Шабан Мемети.

Во 2019 г. во болнички услови се лекувале 380 случаи или 3,7 на 10 000 жени,  кои оствариле 2890 болнички денови, односно 7,6 денови изнесувал просечниот престој во болница на секоја заболена жена.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 6 часа

Резултати за Врапчиште со обработени 92% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 7 часа

Резултати од ДИК за гласањето во Гостивар со обработени 69% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Изјава на Максим Димитриевски, кандидат за претседател од ЗНАМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Изјава на Арбен Таравари, кандидат за претседател од ВЛЕН

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Изјава на Билјана Ванковска, кандидатка за претседател на државата од ЛЕВИЦА

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Бујар Османи од ДУИ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски од ГРОМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Изјава на Гордана Силјановска Давкова, кандидатка за претседател од ВМРО-ДПМНЕ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 9 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски од СДСМ

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена