Вести
Голем број деца питачат низ улиците во Гостивар
Изминатиот период низ гостиварските улици забележливо е зголемување на бројот на питачи, меѓу кои има и голем број на деца. Малолетниците, некогаш во придружба на возрасни, но почесто сами, обично се движат низ централното градско подрачје, барајќи пари од минувачите. Овие деца се оставени сами на себе, без родителска грижа и потребната љубов од семејството. Деновите ги минуваат на улица, немаат нормално детство, не знаат за детска игра и училиште.
Питачењето како појава на гостиварските простори е присутна отсекогаш, а особено е актуелна во текот на летото и во периодите на празници. Тогаш, во Гостивар доаѓаат питачи и од другите градови од Македонија, и меѓу нив има голем број деца.
Организациите кои се активни на полето на детските права сметаат дека институциите треба да бидат поажурни во насока на пружање помош на децата на улица, а граѓаните да не го игнорираат проблемот.
„Прво и пред се, надлежните треба да преземат одговорност за состојбата, а ние сите како граѓани треба да не ги игнорираме, да станат видливи за нас. Да не вртиме глава на друга страна, мислејќи дека проблемот ќе исчезне. Децата бараат адекватен третман и вклучување во процесот на образование.“, вели Ана Битољану, од Детската Амбасада Меѓаши
Статистиката на полицијата покажува дека, минатата година на полошкото подрачје биле регистрирани 24 случаи на занемарена грижа на дете, дело за кое зависно од крајните последици, родителите или други инволвирани лица можат да бидат и кривично гонети.
-
Гостиварпред 20 часа
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград