Поврзи се со нас

Гостивар

Голем дел пациенти во Гостивар што поминале ковид имаат антитела на вирусот

Објавено

на

Докажаното присуство на антитела во крвта треба да биде сигурен показател дека организмот поминал инфекција и развил имунитет кон истата. Сепак, во случајот со ковид-19 ширум светот има различни сознанија и студии околку оваа проблематика.

Голем дел од граѓаните во Гостивар кои прележале ковид, особено медицинскиот персонал, во лабораторијата на болницата испитуваат дали развиле антитела на вирусот. Дали откако ја поминав короната, имам имунитет што ме штити од повторна зараза? Ова е прашањето што најчесто си го поставуваат пациентите. Испитувањето на присуство на антитела на ковид се врши преку крвта. Досегашното искуство на лекарите за пациентите од Гостивар покажало дека повеќето развиле антитела, односно стекнале некаков имунитет.

Во болничката лабораторија за сега, може само да се потврди дали пациентот има или нема антитела, но не и во кој процент.

„Во последно време благодарение на раководителот Африм во болничката лабораторија успеавме да добиеме тестови за антитела и голем дел пациенти како што ни кажуваат, особено медицинскиот персонал кој го поминал вирусот имаат создадено антитела. Немаме се уште испитување на процент, но очекуваме наскоро на микробиологија да добијат соодветна апаратура со која ќе се покаже прецизно колку има ИгГ и ИгМ антитела во организамот на човекот.“, вели д-р Ратко Наумоски, раководител на инфективно одделение во Гостивар

Научната и медицинската фела во светот се‘ уште истражуваат колку трае и во која мера штити од нова зараза стекнатиот имунитет на коронавирусот. Одредени наводи укажуваат дека оздравеното лице нема да фати повторно ковид најмалку пет месеци, а нивото на заштита се движи околу 80%.

Лекарите советуваат без оглед дека некој ја поминал заразата со ковид, да ги променува и почитува мерките за заштита и протоколите, исто како да не ја прележал болеста.

Во истражување направено во Британија на над 6.600 оздравени од ковид, во  44 случаи биле пронајдени потенцијални повторни заразувања. Се потврдило и дека некои луѓе со антитела и понатаму можат да го пренесуваат вирусот.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 34 минути

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова 362.682 (40,08%), Стево Пендаровски 180.306 (19,93%)

Здравје и убавинапред 1 час

11 намирници за подобра циркулација

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 12 часа

Резултати за Врапчиште со обработени 92% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 13 часа

Резултати од ДИК за гласањето во Гостивар со обработени 69% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 14 часа

Изјава на Максим Димитриевски, кандидат за претседател од ЗНАМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 14 часа

Изјава на Арбен Таравари, кандидат за претседател од ВЛЕН

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 14 часа

Изјава на Билјана Ванковска, кандидатка за претседател на државата од ЛЕВИЦА

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 14 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Бујар Османи од ДУИ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 14 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски од ГРОМ

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена