Вести
Голем интерес за поетскиот фестивал „Литературни искри“ во Гостивар
Вкупно 98 поети испратија свои творби на конкурсот за петтото издание на Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри 2018“ во Гостивар. Организаторите информираат дека пријавени се автори од Македонија како и од Србија, Хрватска и Бугарија.
„Особено сме задоволни и не радува огромниот одзив на поети. Сакаме да се заблагодариме на сите кои испратија свои песни на конкурсот. Жири комисијата од денес почнува со работа, односно со оценување на пристигнатите творби. Составот на жирито ќе биде јавно објавен откако ќе се изврши оценувањето, заедно со резултатите“, велат од тимот организатори.
Жири комисијата ќе го изврши изборот на најдобрите поети кои ќе ги понесат фестивалските награди, како и на авторите кои ќе бидат застапени во заедничката збирка на фестивалот.
МПФ „Литературни искри“ се одржува во чест на Денот на сесловенските просветители, 24 Мај, а го организираат Културното здружение „Дунек“ во соработка со Центарот за култура „АСНОМ“ во Гостивар.
Gostivarpress.mk е медиумски партнер на фестивалот.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди