Гостивар
Голем интерес за попишувачи и инструктори во Гостивар за Пописот, денес се одржа тестирање

Стотина кандидати повеќе од предвидениот број, се пријавиле за попишувачи и инструктори во Пописот 2021-ва за гостиварското подрачје. Селекцијата ќе се изврши преку тестирање, кое се одржа денес во простории на медицинскоот училиште. Пријавените одговараа на 35 прашања поврзани со начините на попишување, податоци за реонизација, правилата за самиот попис и слично.
„Денес имаме тестирање на пријавените, затоа што за нашата општина се предвидени 187 попишувачи и 19 инструктори, а пријавени се повеќе кандидати. За да имаме попрофесионално селектирање, го организиравме ова тестирање, значи селекцијата ќе се изврши според успехот на тестот. По ова, ќе следи фаза на обука, прво на инструкторите, а потоа секој инструктор ќе има по 10 попишувачи, кои исто така ќе поминат обуки и ќе им се определат терените. Сите попишувачи ќе имаат лап-топи во кои ќе ги внесуваат податоците“, појасни Назми Елези, претседател на општинска пописна комисија за Гостивар.
Се очекува резултатите од тестирањето да бидат познати во текот на утрешниот ден.
Пописот 2021-ва започна со онлајн попишување на вработените во дипломатско – конзуларните претставништва, во Обединетите нации, стопански комори и слично како и на дијаспората. Пописот на граѓаните и домаќинствата во земјава теренски ќе се спроведе од 1 до 21 април.
-
Гостиварпред 2 месеци
Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…
-
Гостиварпред 3 месеци
Притвор за 30 годишник од Гостивар, снимал сексуални односи со девојче и видеата ги чувал во телефон за да ги споделува
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа
-
Гостиварпред 2 месеци
(Видео) Мечка ноќеска се симна во Жировница-Отстрел ќе нема, одобрени превентивни мерки
-
видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин Велко Бобароски | Дијабетес
-
Гостиварпред 3 месеци
Убиени се мечка и две мали мечиња во Жировница
-
Гостиварпред 3 месеци
Нарушен јавен ред и мир во болницата во Гостивар, приведен е маж
-
Гостиварпред 3 месеци
Утрово уапсен гостиварец за обљуба врз девојче