Вести
Голем интерес за вакцинирање против грип во Гостивар
Имунизацијата на населението од грип започна во понеделникот, а епидемиолошкото одделение во Гостивар е преполно со граѓани кои сакаат да примаат вакцина. Оваа сезона за Гостивар набавени се вкупно 2.200 дози, од кои 1.200 се за пензионери кои ги исполнуваат условите за бесплатно вакцинирање. Останатите заинтересирани треба да ја платат по цена од 650 денари.
„Пензионери над 65 години со просечна и потпросечна пензија, со чек од својата пензија треба да се обратат кај матичниот лекар, кој пак преку „Мој термин“ ќе им закаже термин за вакцинација. Пензионерите над 65 години кои не земаат пензија, ќе можат да се вакцинираат бесплатно со потврда од ПИОМ“, објасни епидемиологот прим. д-р Војислав Огњаноски.
Лекарите ја препорачуваат вакцината против грип, особено на ризичните групи на граѓани: постари лица, хронично болни, здравствени работници и други лица во здравствен ризик.
Вакцинацијата се спроведува во Епидемиолошкото одделение во Гостивар.
-
Гостиварпред 2 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград