Вести
Голем интерес за вакцините против грип во Гостивар уште на првиот ден

За само неколку часа, откако започна сезонската имунизација на населението против грип во Гостивар, се потрошија над сто вакцини. Во епидемиолошкото одделение кадешто се врши вакцинацијата, утрово најбројни беа граѓаните од постарата генерација кои секоја година се вакцинираат за да се заштитат од грип.
Епидемиологот прим. д-р Војислав Огњаноски потенцира дека вакцината е најефикасна превентивна мерка против грип. „Посебно се препорачува за лицата со хронични заболувања на срцето, белите дробови, бубрезите, дијабетичари, лица со анемии и намален имунитет, оние над 60 години како и лицата кои професионално се изложени на ризик, здравствените работници и во јавните установи. Што се однесува до вакцинирање на децата, тоа може да се изведе само доколку е неопходно и по консултација со предијатар“, изјави Огњаноски.
Имунизацијата на населението од гостиварскиот регион годинава ќе се спроведе со 1.200 дози на вакцина против грип. Вакцината чини 400 денари, пари кои граѓаните ги даваат од свој џеб.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!