Свет
Голем студентски протест утре во Белград, властите предупредуваат на можни немири

Десетици илјади студенти од цела Србија се очекува утре да се соберат во Белград на масовен протест против корупцијата и непотизмот во власта. Организаторите на протестот, кои веќе неколку месеци блокираат факултети низ земјата, повикаа на мирно и достоинствено учество, отфрлајќи ги стравувањата од насилство.
Студентите ги повикаа сите граѓани да им се придружат на протестот, кој ќе се одржи во центарот на градот, во близина на владините институции и седиштето на јавниот сервис РТС. Тие нагласија дека нивната борба ќе продолжи се додека не се исполнат нивните барања, меѓу кои се објавување на целосна документација за реконструкција на железничката станица во Нови Сад, идентификување и тужење на одговорните за уривањето на покривот, отфрлање на обвиненијата против демонстрантите и зголемување на буџетот за високо образование.
Властите, од друга страна, предупредија на потенцијални немири и повикаа на воздржување од насилство. Обвинителството порача дека секој што ќе прибегне кон насилство ќе биде кривично гонет, без разлика дали ќе нападне демонстранти, полицајци или државни функционери.
Ректорот на белградскиот универзитет, Владан Ѓокиќ, изрази загриженост поради извештаите за можни немири, но нагласи дека тие не доаѓаат од студентите кои протестираат. Тој повика на смирување на тензиите и на мирно одржување на протестот.
Американската амбасада во Белград издаде безбедносно предупредување за своите граѓани, во кое ги повика да избегнуваат гужви и да се држат настрана од протестот. Амбасадата предупреди на можни сообраќајни метежи, затворање на јавни служби и прекини во мобилната телефонија.
Организаторите на протестот нагласија дека нивната сила лежи во мирната борба за правда, слобода и вистина. Тие ги повикаа сите учесници да се однесуваат достоинствено и да избегнуваат агресија и насилство.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 4 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар
-
Светпред 3 месеци
Масовен пад на криптовалутите