Поврзи се со нас

Гостивар

Голем свечен ден во Чајле, осветен и поставен крстот на црквата „Свети Атанасиј Велики“

Објавено

на

Гостиварско Чајле денес собра голем број верници на заедничко христијанско радување, по повод осветувањето и поставувањето на куполниот крст на црквата „Свети Атанасиј Велики“.

Собрани од сите страни на регионот, од дечиња до баби и дедовци, со трепет и восхит во срцата станаа дел од свечениот чин на осветување на крстот, што го изврши Митрополитот тетовско-гостиварски г.Јосиф, во сослужение на свештенослужители од гостиварското архиерејско намесништво.

 

Денот донесе особена гордост кај членовите на Црковниот одбор на Чајле, кои изминатиот период посветено работеа на организација на настанот и иницијативата за реконструкција на ова православно светилиште. Реконструкцијата опфати нов фасаден ѕид на црквата, изработен од камен и тула, како и доградба.

„Иницијативата за реконструкција на црквата ја покренаа жителите на селото, со желба да го обновиме издигнеме храмот, кој ни беше срушен кај рудникот Чајле. Радосни и горди сме што дојде овој ден и ги покануваме сите граѓани да доаѓаат, да ја посетат цкрвата која е обновена, да се помолат за здравје и благосостојба“, рекоа од Црковниот одбор.

Владиката г.Јосиф изрази благодарност до иницијативниот одбор и до сите кои придонесоа за реконструцијата на црквата и денешниот чин на поставување на осветениот крст.

„Ретко се гледа ваков храм којшто е вака убаво украсен и среден. Нашиот живот почнува во црквата и завршува во црквата. А кога станува збор за крстот, има многу што може да се каже, како што слушнавте и во самите молитви. Крстот е украс на вселената, крстот е радост за секој христијанин. Кога и да ни е тешко, ние се прекрстуваме. Крстот го имаме во секој храм, во секој наш дом, во секое возило христијаните го носат. Убаво е кога сме во искушение, во маки, да се прекрстуваме. Кога и да видите, на секоја купола, на секоја црква убаво е да се прекрстите, да се помолите, да го спомнете светителот чие име го носи храмот, во овој случај Свети Атанасиј Велики, па по неговите молитви Бог да ве благослови сите. Да се гледаме за многу богослужби и многу радости во црквата“, рече во своето обраќање пред верниците, Митрополитот г.Јосиф.

По осветувањето, велелепниот свет крст беше издигнат и поставен на куполата, а чинот со големо внимание и љубов беше проследен од насобраниот народ.

Културно-уметничката програма на денешниот настан беше исполнета со настап на ГАКУД „Браќа Ѓиновски“.

Храмот во Чајле има голема историската вредност. Првично бил изграден околу 1870 година на место каде што се верува дека постоеле остатоци од манастир.

Од Црковниот одбор најавија дека ќе продолжат со разубавување на црквата и во наредниот период ќе се работи на уредување на дворната површина и помошните објекти.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Македонијапред 2 недели

Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус

Вестипред 3 недели

УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ

Гостиварпред 4 недели

Полициски службеник и уште едно лице осомничени за продажба на кокаин во Гостивар, Тетово и Скопје

Гостиварпред 4 недели

Во Гостивар одбележани 80 години од загинувањето на борецот херој, Сретко Крстески

Гостиварпред 3 недели

Пронајдени гранати при ископ на тротоар во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Пукање на улица во Гостивар, едно лице лишено од слобода

Гостиварпред 3 недели

Таравари во болницата во Гостивар промовираше инвестиции од околу 400.000 евра

Гостиварпред 4 недели

Повреден 18 годишник од Гостивар на забава во викендица во Маврово

Гостиварпред 4 недели

Четири момчиња ноќеска завршиле во полициска станица во Гостивар

Гостиварпред 1 месец

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 3 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 4 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 9 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 9 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 11 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 11 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 1 година

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 1 година

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена