Поврзи се со нас

Гостивар

Голема прослава за голем јубилеј 70 години постоење – НП Маврово воодушевува и инспирира

Објавено

на

На пригодна свеченост, со доделување на плакети и благодарници и промовирање на нова веб апликација, НП „Маврово“ го прослави значајниот јубилеј, 70 години постоење. На свеченоста присуствуваа голем број гости, соработници, поддржувачи како и личности од јавниот и политичкиот живот.

„Ова е голем јубилеј за нас, што ни носи гордост и не` поттикнува да продолжиме да работиме во истата насока. Се чувствувам гордо и достоинствено, прво затоа што сум жител на еден од најубавите региони во нашата држава, а потоа и дека сум прв човек на установата којашто 70 години макотрпно, деноноќно се грижи и ја чува природата. Сакам да ви посакам на сите пријатен престој во нашата прекрскна општина, прекрасен национален пак.“, рече меѓу другото во своето обраќање, директорот на НП, Самир Ајдини.

Претседателката на Управниот одбор на НП, Смилка Тенева осврнувајќи се на историското и природно значње на паркот, истакна дека успесите и достигнувањата се резултат на заедничките заложби на сите вработени.

„Горди сме што сме домаќини на овој значаен настан. Ја користам приликата јавно да им се заблагодарам на вработените. Јубилеј како што е овој не се постигнува преку ноќ и достигнувањата се дело и резултат на вашата работа.“

На настанот се обрати и градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, Медат Куртовски.

„Над 90% од Националиот парк припаѓаат на територијата на Општина Маврово Ростуше. Нашите надлежности често се испреплетуваат и ние многу добро соработуваме. Јас сум убеден дека така ќе остане и во иднина. Таа врска се градела со децении и останува како обврска и за идните генерации“, нагласи градоначалникот.

Пред присутните беше промовирана веб апликација преку која посетителите можат да извадат влезница за НП онлајн, риболовците да добијат дозвола, планинарите да ги видат и спуштат мапите на патеките и други услуги.

Поединци, компании и институции добија плакети за својот придонес во афирмација на Националниот парк Маврово.

Свеченоста беше заокружена со изложба на фотографии од конкурсот „Приказни за убавините на НП Маврово“, а претходно беа доделени и награди на авторите чии фотографии беа избрани за најдобри.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 57 минути

Напад од бездомно куче во Гостивар

Гостиварпред 2 часа

Градинките во Гостивар се вклучија во Неделата на имунизација-Повисока свест за важноста на вакцините

Македонијапред 3 часа

Синдикатите на Првомајски протест- „Ние работниците“

Македонијапред 4 часа

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 5 часа

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 6 часа

Како гласаше Гостивар во првиот круг на седмите претседателски избори?

Гостиварпред 6 часа

Повеќечасовно минирање кај гостиварска Бањица денес

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова 362.682 (40,08%), Стево Пендаровски 180.306 (19,93%)

Здравје и убавинапред 8 часа

11 намирници за подобра циркулација

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена