Вести
Големи протести низ Франција, запалена зградата на градската управа во Бордо

Повеќе од милион луѓе вчера излегоа на протести во Франција, поради најавената реформа со која старосната граница за пензионирање се зголемува од 62 на 64 години, а според податоците на МВР, во Париз се собрале речиси 120.000 демонстранти.
Синдикатот CGT соопшти дека над 3,5 милиони луѓе излегле на протестите ширум Франција.
Протестите предизвикаа прекини во железничкиот сообраќај, како и во работата на рафинериите за нафта, а вчера наставниците и вработените на аеродромот Шарл де Гол престанаа со работа. Протести имаше и во Нант, Руан и Рен, јави Би-Би-Си.
Зградата на градското собрание беше запалена во Бордо, а полицијата употреби солзавец и уапси десетици луѓе во Париз за време на протестите низ Франција поради планираните реформи во пензискиот систем.
Министерот за внатрешни работи Џералд Дарманин објави дека за време на протестите се повредени 441 полицајци, како и десетици демонстранти, а 457 лица се уапсени низ целата земја.
Тој додаде дека само во Париз биле запалени 903 објекти лоцирани на јавен простор, вклучително и контејнери за ѓубре.
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 1 недела
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение