Вести
Голф и пунто се судриле кај патарината
На автопатот Гостивар-Тетово, во непосредна близина на наплатната станица Гостивар, вчера околу пладне се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички возила со гостиварски регистерски таблици: „фиат пунто“ што без дозвола го управувал 18-годишник од Добридол и „голф“, управуван од 44-годишен гостиварец.
Како што соопштува полицијата, двајцата возачи и двајца сопатници од „голфот“ со медицинско возило биле пренесени во гостиварската болница, каде им била укажана помош и биле пуштени на домашно лекување.
Според првичните сознанија на полицијата од извршениот увид, причина за несреќата е неприлагодена брзина, додека вкупната материјална штета се проценува на 100 илјади денари.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар