Вести
Голф се запалил во Дутлок, пикап украден од двор во Добри Дол
Голф, кој се движел по улицата „Бранко Станојевиќ“ низ населбата Дутлок синоќа се самозапалил. При опожарувањето нема повредени, а причинета е штета од над 100.000 денари.
Според СВР Тетово, околу 19 часот, додека Е. М. (19) се возел со „голфот“ забележал пламен од под хаубата, набрзо застанал и се обидел да го спречи ширењето на пламенот. Набрзо, на местото пристигнало и против пожарно возило и екипата го локализирала огнот. Во опожарувањето изгореле делови од моторот, предните тркала, а оштетени биле и предната шофершајбна и дел од внатрешноста на возилото.
Пикап возило „Пежо бипер“ синоќа било украдено од дворот на М.И. од Добри Дол. Според пријавата, возилото било сопственост на неговиот брат и го оставил не заклучено, а клучевите ги оставил во бравата. Полицијата трага по возилото и крадецот.
-
Гостиварпред 2 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград