Избори 2024
Гордана Силјановска Давкова и официјално претседател на државата, ДИК објави конечност на резултатите

За Претседател на Република Северна Македонија е избрана Гордана Силјановска Давкова, со мнозинство гласови од избирачите кои гласале, односно 561.000 гласови, наспроти нејзиниот противкандидат Стево Пендаровски 251.899, констатираше денеска претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски на седницата на ДИК, објавувајќи ја конечноста на резултатите од гласањето за Претседателките избори од 8 мај.
Записникот за конечност на резултатите од гласањето беше усвоен едногласно на седницата.
Како што најави Даштевски, Уверението за избор за претседател на државата и за претстојната инаугурација на Силјановска Давкова ќе и биде доделено во 10 часот.
За постапката за сумирање на резултатите за Претседателските избори до ДИК немаше приговори, додека за Парламентарните кои се исто така на 8 мај се доставени девет од Коалицијата Вреди, осум од ВМРО-ДПМНЕ, пет од СДСМ и четири од Левица. Даштевски посочи дека станува збор за групни приговори со опфатени повеќе избирачки места.
По објавувањето на конечноста на изборните резулатати за Претседателските избори, ДИК треба да достави извештај до Собранието за да биде закажана седница за инаугурација на новата претседателка која според најавите ќе одржи утре напладне. Таа пред пратениците од стариот состав треба да даде свечена изјава по која и започнува да тече нејзиниот мандат. Мандатот на актулениот претседател и нејзин против кандидат истекува утре.
Универзитетската професорка Гордана Силјановска – Давкова ќе биде шестиот претседател на Македонија и прва жена која е избрана на оваа позиција.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 3 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?