Македонија
Горивата поевтинуваат од 1,5 до три денари за литар

Дизелот од ноќеска на полноќ поевтинува за три денари за литар, а цената на бензините се намалува за 1,5 денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,2 отсто.
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 81, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 83,5 денари за литар. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за три денари за литар и ќе се продава за 71 денар, додека цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 2,5 денари за литар и ќе изнесува 70 денари.
Со одлуката на РКЕ за 0,028 денари за килограм се зголемува малопродажната цена Мазутот М-1 НС и ќе чини 41,437 денари.
Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 3,666 отсто, кај дизелот за 6,122 и кај екстра лесното масло за 6,12 отсто, додека кај мазутот има зголемување за 0,865 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,064 отсто.
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 1 недела
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение