Гостивар
Гостивар без згрижувачки семејства, дечиња завршуваат во институции или во домови во други градови

На поширокото гостиварско подрачје нема ниту едно згрижувачко семејство. До сега никој не пројавил интерес да го отвори својот дом за дечиња, кои од било која причина останале без родителска грижа. Поради тоа таквите деца од Гостивар завршуваат во институции или во згрижувачки семејства низ други градови.
Од Центарот за социјална работа во Гостивар најавуваат кампања со која очекуваат да се подигне свеста за ваквата форма на згрижување и граѓаните подетално да се информираат за целата постапка, како и за надоместоците кои им следуваат ако се одлучат да станат дел од процесот.
„Лошо е што до сега нема семејства кои се заинтересирани да згрижуваат деца, па така ние како надлежна установа должни сме децата од нашето подрачје да ги праќаме или во државни институции за таа намена, или во други градови кадешто функционираат згружувачки семејства. Наредниот период ќе спроведеме кампања, да ги информираме граѓаните за оваа процедура, како тече постапката, да знаат дека следува и надоместок кој го одредува Министерството за труд и социјала, зависно повеќе фактори. Мислам дека успееме да ги поттикнеме и мотивираме семејствата барем, кај некој дел од нив, да се јави желба да станат згрижувачи“, вели Азби Шаќири, директор на гостиварскиот Центар за социјала.
Во земјава се регистрирани околу 320 згрижувачки семејства, кои обезбедуваат топол дом за над 570 дечиња.
-
Гостиварпред 1 месец
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 1 недела
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
„Сокче од морковче“… дознајте кои се огромните придобивки
-
Занимливостипред 2 недели
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 4 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Ниќифорово може да даде уште една потврда дека Македонија е библиска земја
-
Македонијапред 4 дена
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава