Гостивар
Идните родители од Гостивар да ја искористат можноста за стручни совети и обука

На гинеколошко-акушерското одделение во општата болница „Ферид Мурад“ во Гостивар, три месеци функционира школо за родителство, наменето за бесплатно советување и поддршка на млади родители и оние кои планираат формирање на семејство. Лекарите велат дека стручните совети, кои може овде да се добијат се добредојдени за бремените жени и за татковците и во голема мера помагаат во предизвиците кои ги носи родителството.
Родителската школа е корисен новитет, но првично наидува на слаб одзив кај младите парови. „Најверојатно станува збор за недоволна информираност на идните родители. Сметам дека матичните гинеколози треба да се вклучат во промовирање на оваа можност, да им дадат препораки на трудниците чија бременост ја водат, да ја посетат школата и да бидат дел од обуките кои навистина се многу корисни“, вели д-р Агим Јакупи, раководител на гинеколошко-акушерско одделение во Гостивар
Обуките во школото за родители опфаќаат неколку теми како здрави стилови на бременост, психофизичка подготовка, доење, нега на новороденчиња и слично. Школото е сместено во посебна просторија на гинеколошкото одделение, која е целосно реновирана и соодветно опремена.
Проектот го реализира Министерството за здравство, во соработка со Пивара Скопје.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 2 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?