Гостивар
Гостивар-Децата редовно да се вакцинираат, апел во пресрет на Неделата на имунизација

Родителите да ги вакцинираат децата според редовниот календар за да бидат заштитени од заразни болести и за да се создава колективен имунитет. Ова е апелот од медицинските лица во пресрет на Европската недела на имунизација, која почнува да се одбележува од 28 април (понеделник).
Годинава едукативниот дел од активностите е насочен кон новината-воведување на задолжителна ХПВ вакцина и за момчињата.
„ХПВ вакцината до сега ја примаа само девојчињата, а од годинава се вакцинираат и машките деца, што е голема предност за сите, затоа што ги штити и машките и женските од ХПВ вирусни инфекции. Затоа ќе имаме посета на училишта, можеби и домови со цел да ја промовираме и да ги едуцираме сите родители и деца за придобивките од имунизацијата.“, информираше докторката Дафина Богданоска од одделот за вакцинација.
Опфатот со вакцини на гостиварското подрачје го следи општиот тренд на опаѓање, затоа е важно граѓаните да бидат добро информирани и запознаени за клучната улога на имунизацијата за здравјето на сите, нагласуваат здравствените работници. Актуелно опфатот во регион на Гостивар се движи од 82% до 85%, а најпроблематична останува вакцината МРП (морбили, рубеола, паротитис).
„Оваа година бележиме мало покачување на процентот, што значи родителите стануваат свесни за предноста на вакцинирањето. Но, за да биде целото население добро заштитено, процентот треба да биде барем 95%. Мора да се сфати дека секое здраво дете добро ја прифаќа вакцината и добро реагира. Кругот што го создаваат вакцинираните деца ги штити од заразни болести и тие деца кои поради хронични тешки болести не може да се вакцинираат“, вели д-р Богданоска.
Оваа година Европската недела на имунизација се одбележува под мотото „Имунизацијата придобивка за сите“.
„Како јавна здравствена установа ние сме одговорни за спроведување на оваа кампања, која има за цел да ги заштити граѓаните и јавното здравје. Сите знаеме дека имунизацијата е заштитен механизам за епидемиолошки заболувања и апелирам до родителите што е можно поредовно да ги вакцинираат своите деца бидејќи тоа е во нивна корист“, нагласи директорот на Здравствен дом Гостивар, Вулнет Оломани.
Во рамки на Неделата на имунизација во Гостивар ќе се одржи и промотивно-едукативен настан на градскиот плоштад.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 4 дена
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 3 месеци
Месецов исплата на парите од МојДДВ за период октомври-декември 2024
-
Македонијапред 4 недели
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Гостиварпред 3 месеци
Бесник Зеќири стапи на функцијата директор на болницата во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос