fbpx
Поврзи се со нас

Гостивар

Гостивар денес на второ место по новозаразени со корона – има и 14 оздравени

Македонија денес бележи значително поголем број на оздравени од коронавирус, отколку новозаболни граѓани. Според податоците од Министерството за здравство во земјава, потврдени се 139 нови случаи, а како оздравени се запишани 534 лица. Во денешните регистрирани оздравени лица најголем број од оздравените се лица од изминатиот период пријавени збирно од локалните центри за јавно здравје, информираа од Министерството.

Регионот на Гостивар има и новозаразени, и оздравени со по два контроли негативни тестови. Во продолжение дневниот извештај на МЗ:

Во последните 24 часа се направени 1377 тестирања, а регистрирани се 139 нови случаи на ковид-19 во:

– Скопје 36
– Куманово 11
– Дебар 2
– Штип 11
– Прилеп 1
– Тетово 14
– Струга 8
– Велес 4
– Битола 2
– Кавадарци 5
– Гостивар 16
– Струмица 1
– Крушево 1
– Кочани 1
– Пробиштип 2
– Македонски Брод 1
– Виница 6
– Свети Николе 1
– Кичево 15
– Ресен 1

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 534 оздравени пациенти од:

– Скопје 353
– Куманово 61
– Дебар 17
– Штип 27
– Прилеп 5
– Тетово-17
– Струга 4
– Велес 4
– Охрид 3
– Гостивар 14
– Струмица 4
– Крушево 1
– Кочани 2
– Пробиштип 8
– Свети Николе 5
– Кичево 7
– Ресен 2

Починати се 6 лица, пет пациенти од Скопје (66, 67, 34, 67 и 86 години) и пациент од Кочани (76 г.). Пет пациенти се починати во болнички услови, а еден вонболнички.

Досега во земјата се направени вкупно 102317 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10754, бројката на оздравени пациенти е 6554, на починати е 486, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3714.

Сподели:
Остави коментар

Напишете коментар

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

анкета:

Кој ќе ја состави новата Влада?

Резултати од анкетата

Отворени огласи за вработување во полог:

- Кошаркарски клуб Гостивар А.Д
- VILLA Group DOOEL
- M&M Медија ДООЕЛ Гостивар

Популарно изминативе 100 дена

error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!