Вести
Гостивар доби експерт за еколошки криминалитет на реки и езера
Гостиварецот Љатиф Љатифи се здоби со титулата Доктор на науки во областа на еколошко вештачење на површинските води. Тој денес на Факултетот за безбедност во Скопје успешно ја одбрани докторската дисертација „Форензика во екологијата“. Станува збор за тема врзана со криминологија во животната средина, кај нас се` уште недоволно истражена област, но многу актуелна и популарна во западните земји.
„Ја одбрав оваа тема за да можам да докажувам криминал во површинските води во Македонија. Верувам дека со истражувањето ќе се подигне нивото на работата на државните инспектори за животна средина бидејќи освен инпекцискиот увид на лице место со утврдување на фактичката состојба, инспекторите ќе извршат ситуационо вештачење на лице место и ќе се обезбедат услови за да бидат криминалисти-специјалисти преку обезбедување на доволен и квалитетен број на податоци и материјални докази со кои би се разјаснило и би се докажало кривичното дело“, вели експертот по екологија на површински води.
Љатиф Љатифи е роден 1973 година во Гостивар. Во 2003-та, завршил технолошки факултет на Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје. Во 2007-ма се здобил со звање професор по хемија на универзитетот во Тетово. Во 2011-та магистрирал на Универзитетот на Југоисточна Европа на тема Квалитетот на Мавровското езеро според европски директиви. Работи како инспектор во Министерството за животна средина.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград