Вести
Гостивар доби кошаркарски прволигаш
По победата над “вечниот муштерија” екипата на КК Тетекс, КК Гостивар 2015 и математички е во прва лига. Иако натпреварувањето во втората македонска лига мажи не е завршена, екипата на Мирко Петрески заслужено се искачи на врвот и обезбеди директен пласман во првата македонска лига.
“Бело-сините” имаат одлична сезона, со само еден изгубен меч во досегашниот дел од првенството, со одлична кош разлика. Многу полесно од очекувањата ја остварија поставената цел пред почетокот на сезоната. Со тоа КК Гостивар 2015 го потврди својот квалитетот и пренесе на целата кошаркарска јавност дека местото му е во прва лига.
Остануваат уште три натпревари до крајот на сезоната, кои немаат никакво значење за гостиварскиот клуб. Од спортската гордост на Гостивар се очекува да ја продолжи серијата на победи и ја радува гостиварската публика, која со нетрпение ќе ја очекува наредната сезона.
-
Гостиварпред 2 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград