По повод Денот на екологијата 21 Март, во Гостивар беше промовирана граѓанска Еко патрола. Нејзиното формирање и активирање се реализира со поддршка на општината, а целта е подигнување на свеста кај граѓаните за одговорно однесување и зачувување на животната средина, како и алармирање на институциите за еколошките проблеми.
„Како локална самоуправа го зголемивме буџетот за заштита на животната средина 4 до 5 пати, обезбедивме нови велосипедски патеки, субвенции за велосипеди, канти за селекција на отпад, а сега правиме уште еден добар чекор со еко патролата. Таа првично ќе функционира волонтерски, но понатаму се надевам и да се институционализира“, изјави градоначалникот Арбен Таравари.
Еко патролата ја сочинуваат волонтери, кои најпрво ќе поминат низ обука и тренинзи околу начинот на делување, по што ќе отпочнат да работат и на терен.
„Во следниот период со членовите на еко патролата ќе работиме на тренинг со методи, начин на пристап и слично, за да се олесни целиот процес на функционирање. Улогата на активистите е да ја зголемат свеста кај населението, но и да ги држат будни институциите, општината, инспекторатот, Министерството за животна средина“, рече Аријанит Џафери од здружението Еко герила Тетово.
Координаторката на патролата Билјана Наумоска упати благодарност до општинското раководство што ја прифатило и ја поддржува идејата за ваков вид на еколошко дејствување.
„Идејата дојде од фактот што состојбата во која се наоѓа животната средина, не само во Гостивар, туку и во целата држава е алармантна. Целта е да помогнеме, да се покрене свеста, граѓаните да размислуваат за последиците и да не фрлаат отпад кадешто ќе стигнат“, рече Наумоска.
error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!
Оваа страница користи колачиња (cookies), за да осигураме дека ви го даваме најдоброто пребарувачко искуство на нашата веб-страница. Ако продолжите да ја користите оваа страница, ќе претпоставиме дека сте задоволни со тоа. За да дознаете повеќе за тоа како ги користиме и управуваме со колачињата, можете да прочитате на Политика за колачиња.OK