Гостивар
Гостивар домаќин на Меѓународна конференција за историја на религиите

Во Гостивар денес за прв пат се одржа Меѓународна конференција за историја на религиите, на која говореа професори предавачи на универзитети во Турција и Германија. Настанот го организираше турската Фондација за наука, филозофија и религија, а Гостивар беше избран како град домаќин на иницијатива на гостиварецот Доган Пурде.
„Пред три месеци ваква конференција се одржа во Скопје и јас како гостиварчанец, покренав иницијатива вториот настан да се организира во нашиот град. Говорници се познати професори, кои отвораат дискусии на тема историја на религиите, конкретно за исламот и христијанството. Сметаме дека е важно да има ваков тип на предавања, конференции, луѓето да дојдат до повеќе знаење за религиите, подобро да може на тој начин да се запознаваат меѓу себе. Тоа е основа на соживотот, а ете ние што живееме во Гостивар за сите сме пример за соживот и почит.“, кажа Пурде.
Пред присутните свои излагања за историските текови во религиите имаа доцент доктор Зафер Дујгу од Истражувачкиот институт за религиозни науки на Универзитетот во Измир, Турција и доктор Тургул Курт од Академијата за светски религии во Берлин, Германија.
По нивните воведни излагања присутните имаа можности да поставуваат прашања и да развиваат дебати.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!