Поврзи се со нас

Гостивар

Гостивар домаќин на NASA Олимпијада за вселената

Објавено

на

Стотина основци и средношколци од полошкиот регион се дел од првата NASA Националната Олимпијада за вселената, која денес се одржува во средното техничко училиште во Гостивар. Учениците во тимови под менторство на своите професори изработуваат проекти и прават експерименти за откривање на мистериите на вселената и создаваат нови иновативни решенија за решавање на предизвиците зададени од американстака агенција за вселенски истражувања NASA.

Натпреварувањето го организира ЊуМенс Бизнис Акцелераторот и Фондацијата Голдилокс со поддршка на Американската Амбасада.

„Ова е регионален натпревар во форма на хакатон и децата се поделени во две категории, основци и средношколци. Тие работат на решенија на три предизвици зададени претходно, кои се однесуваат на изнаоѓање решенија со некаква макета како да се стигне на пример од Земјата до Марс, потоа изработуваат стрипови, видео, апликација итн. Практично идејата на целокупниот настан е да овозможиме промоција на СТЕМ вештините, да ги поттикнеме младите да се интересираат за техничките науки, да се интересираат за науките поврзани со Земјата, вселената, универзумот, и да бараат начини како да го направат светот, иднината, нашето живеење подобро и поубаво.“ , појасни Катерина Златаноска Попова, координатор на Првата Олимпијада за вселената.

На натпреварувањето учествуваат ученици од основни и средни училишта од Тетово, Брвеница, Јегуновце, Маврово Ростуше, Врапчиште, Желино и градот домаќин Гостивар. Во подготовките и изработката на нивните проекти и решенија им помагаат менторите, наставници и професори физика, хемија, географија…Децата развиваат идеи како да се направи ракета од рециклирачки материјал, истражуваат Дали Месечината може да се гледа само ноќе и др.

Гостивар домаќин на NASA Олимпијада за вселената

DSC_3734
DSC_3771
DSC_3724
DSC_3729
DSC_3737
DSC_37d48
DSC_3734 DSC_3771 DSC_3724 DSC_3729 DSC_3737 DSC_37d48

Сите тимови во текот на денот ќе имаат можност да го презентираат она што го смислиле и изработиле пред жири комисија којашто ги оценува. Победничките тимови во двете категории основци и средношколци ќе добијат медали и во септември ќе учествуваат на голем завршен настан во Скопје со победниците од останатите регионални Олимпијади каде ќе имаат можност да лансираат експеримент со специјален балон кој ќе лета до границата на вселената.

Инаку, СТЕМ-учење претставува интердисциплинарен пристап на учење кој ги спојува науката, технологијата, инженерството и математиката. Терминот СТЕМ е кратенка од: Science – Наука, Technology – Технологија, Engineering – Инженерство, Mathematics – Математика.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена