Поврзи се со нас

Гостивар

Гостивар донесе Акциски план за унапредување на правата на лицата со попреченост

Објавено

на

Со низа активности и проекти Гостивар ќе прави напори да ги унапреди правата на лицата со посебни потреби кои живеат на подрачјето. За таа намена на денешната седница на Советот на Општина Гостивар, беше усвоен Акциски план кој опфаќа делување во неколку области: јавна свест, физички пристап, образование, спорт и култура. Документот е подготвен од страна на работна група.

„Се работи за двегодишен Акциски план и при подготовката гледавме да биде реален, предвиденото да може да се реализира, а не да биде само список на желби. Планирани се средби со ученици, наставници, родители за поголема информираност за правата и потребите на учениците со попреченост, затоа што увидовме дека голем дел не ги знаат бенефициите кои им следуваат. Во делот на физички пристап да се овозможи пристапност во јавните институции, сите семафори да бидат со аудио сигнализација, во централното подрачје да се постават тактилни индикатори, да се обележат паркинг места итн.“, рече меѓу другото во образложението пред советниците, Африм Илјази, координатор на работната група.

Советникот Џеват Фејзули, кој е претседател на Здружението на слепи и лица со оштетен вид „Реалност“ во Гостивар, истакна дека документот ги содржи приоритетите за граѓаните со попречености и ги повика сите колеги советници да го поддржат. Акцискиот план беше усвоен едногласно.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 4 недели

Кривични за бесправно градење во Гостивар со фалсификување исправи, перење пари, злоупотреба на должност…

Гостиварпред 2 недели

ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар

Гостиварпред 2 дена

Комуналец Гостивар по прекинот во водоснабдувањето: Водата од градскиот водовод да не се пие

Гостиварпред 2 недели

Гостивар е се‘ уште без вода, се комплицирала работата на терен, екипи санираат дефект

Гостиварпред 2 недели

Утре во Гостивар ќе нема вода повеќе часови

Гостиварпред 3 недели

45 семејства во Гостивар конечно добија клучеви од социјалните станови

Гостиварпред 1 недела

Автопатот Тетово-Гостивар ќе почне да се гради на 22 април, ќе чини 125 милиони евра според првична пресметка

Гостиварпред 5 дена

Во понеделник дел од Гостивар 5 часа без струја, ќе биде исклучено и училиште

Македонијапред 3 недели

Пред општинската зграда во Ростуше покрај македонското поставено и турското знаме

Популарно изминативе 100 дена