Гостивар
Гостивар: Две жени се повредени во пукање со пиштол на свадбена веселба

Две женски лица се ранети со пиштол, на свадба ноќеска во гостиварското село Чајле. Во врска со пукањето, едно лице е лишено од слобода и задржано во ПС Гостивар.
Според информациите од СВР Тетово, половина час после полноќ, на свадбена веселба во двор од куќа во Чајле при пукање од пиштол биле повредени 44 годишната Х.И и 35 годишната М.М, двете жителки од ова село. Повредените биле пренесени во гостиварската болница за укажување на лекарска помош, од каде Х.И. поради сериозноста на повредите е префрлена на клиниките во Скопје.
Околу 1.30 часот, полицијата го лишила од слобода 53 годишниот Б.Ф. во чиј дом се одржувала свадбата. Тој се сомничи дека пукал со огненото оружје.
Увид на местото извршил Јавен обвинител со учество на екипа од ПС Гостивар.
Од Секторот за внатрешни работи потенцираат дека се засилени контролните и репресивни мерки на планот на откривање и законско санкционирање на свадбените пукања и неовластеното приредување на огномети. „Повторно апeлираме до граѓаните да се воздржат од пукање со огнено оружје на свaдбени и други семејни свечености, како и од неовластено приредување на огномети. Граѓаните уште еднаш се потсетуваат дека пукањето на вакви свечености е спротивно на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир и дека паричната глоба за овој вид прекршок се движи од 200 до 500 евра во денарска противвредност. Зависно од околностите и крајните последици, пукањето може да претставува и кривично дело „предизвикување на општа опасност“, а за кое е предвидена и затворска казна од 1 до 5, односно 10 години.“, наведуваат од полицијата.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди