Гостивар
Гостивар е меѓу градовите со најмногу новороденчиња
Според податоците кои ги објави Државниот завод за статистика, за природното движење на населението во второто тримесечје од оваа година, Гостивар е меѓу четирите градови во земјава со најголем број на новородени бебиња, заедно со Скопје, Куманово и Тетово. Во периодот од април, мај и јуни во Гостивар се родиле вкупно 178 бебиња. Во истиот период починале 165 лица, што значи дека постои позитивен природен прираст на населението.
Во второто тримесечје, на гостиварското подрачје биле склучени 145 бракови, додека 23 брачни заедници завршиле со развод.
Во Општина Врапчиште се родиле 49 бебиња, а починале 48 жители. Триесет и еден пар одлучиле да стапат во брак, додека три пара се развеле. Во Општина Маврово и Ростуше се бележи негативен природен прираст, со 21 починато лице и 14 новородени бебиња. Во оваа општина се склучиле 10 брака, а разводи немало.
Според податоците на ДЗС, бројот на живородените деца во второто тримесечје од 2019 година, на ниво на целата држава, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за околу 10% и изнесува 4 693 живородени деца.
Бројот на умрените лица бележи зголемување од околу 7 % и изнесува 4 928 лицa, од кои 21 се умрени доенчиња.
Природниот прираст изнесува – 235, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.
-
Гостиварпред 3 дена
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди