Поврзи се со нас

Гостивар

Гостивар една од водечките општини во борбата и превенцијата на дијабетот-Одбележан 14 Ноември

Објавено

на

Со добро менаџирање на потребите на пациентите, инсулинската терапија, вметнување едукативни програми за средношколци, Општина Гостивар е една од водечките во борбата и превенцијата на дијабетесот.

Ова е оценката на претседателот на Сојузот на дијабетичари на Македонија, Димче Велев која ја сподели на одбележувањето на 14 Ноември, Светскиот ден на борбата против дијабет, во Гостивар.

„Општина Гостивар е една од водечките во борбата и превенцијата на дијабетесот. И во општата болница сега веќе имаат нови програми во делот на превенција и квалитетно менаџирање на дијабетесот. Во медицинското училиште децата се образоваат со посебни програми и тоа значи дека набрзо ќе имаме уште поквалитетен живот и благосостојба, што се однесува до овој регион.“, кажа Велев нагласувајќи ги барањата кои ги упатуваат до надлежните на државно ниво за подобар живот на лицата кои се соочуваат со дијабет.

„Што се однесува до Македонија, имаме добра иновативна инсулинска терапија, но е многу малку, и е недостапна за сите пациенти на коишто сериозно им треба. Државата треба да го смени моделот на набавка, начинот на дистрибуција. Она што ние го бараме е набавка на сензори за мерење шеќер за секое лице со тип 1, за да може да имаат редовност на училиште, редовност на работа, и продуктивност во својот живот. Исто така и инсулински пумпи, и секој човек да добива апаратче и ленти во својата аптека на рецепт, а не како што сега се дели, не знаеме ни дали снемува, па носиме неквалитетни апаратчиња заради тендерот, кој предвидува да се бира според најниска цена.“, истакна тој.

На настанот, во организација на Здружението на лица со дијабет „Вардар“ од Гостивар и медицинското училиште, во центарот на градот, учениците мереа ниво на шеќер во крвта на минувачите и им делеа летоци со совети за намалување на ризиците од дијабет.

„Преку овие активности наша и цел на нашите ученици е да ги сензибилизираме граѓаните за дијабетесот, што секој човек може да направи за да го превенира, како и за соодветната терапија“, рече директорот на медицинското училиште, Јетон Сулејмани.

На одбележувањето присуствуваше и градоначалникот Ваљбон Лимани.

„Се надевам дека со оваа активност ќе придонесеме да се крене свеста кај граѓаните за поздрав живот, подобар начин на исхрана, физичка активност, како и редовни контроли, сѐ со цел оваа болест, која е веќе пандемиска во светот и кај нас, да има што помалку нови случаи.“ , подвлече Лимани.

По повод 14 Ноември, Здружението „Вардар“ додели благодарници на соработници и поддржувачи на активностите.

Според податоци на Сојузот, во Македонија со дијагноза „дијабет“ има 135.000 лица, но реалната бројка е трипати поголема, односно околу 500.000 лица. Од 130.000 официјално евидентирани 3.300 се со тип 1, од кои околу 500 се деца.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Занимливостипред 52 минути

Куќата oд филмот „Сам дома“ продадена за 5,5 милиони долари

Македонијапред 2 часа

Трговците со забелешки за Законот за нефер трговски практики

Светпред 4 часа

Вашингтон се подготвува за „најстудената инаугурација“ во последните 40 години

Спортпред 5 часа

Македонија против Холандија вечерва во 2. коло од Светското првенство во ракомет

Гостиварпред 6 часа

Викенд временска прогноза

Здравје и убавинапред 7 часа

Која храна треба да се внесува, а која треба да се избегнува за време на настинка?

Занимливостипред 21 час

Ова е Европскиот автомобил на годината

Македонијапред 22 часа

Вработените во инспекторатите не зеле декемвриска плата, протестот организиран од УПОЗ продолжува

Гостиварпред 24 часа

За еден ден 100 пријавени за вадење на светиот крст од Радика, Бигорски го објави редоследот на богослужбите за Водици

Што, како, каде?!пред 2 недели

„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Гостивар-Вработена во продавница фатила лице при кражба

Гостиварпред 3 недели

Викендов на плоштадот во Гостивар новогодишни настани за најмладите

Гостиварпред 3 недели

По пријава за вознемирување во берберница, гостиварец завршил во полициска станица

Македонијапред 3 недели

500 евра минимална плата, пониски придонеси и прераспределба на администрацијата во приватниот сектор, бара СКСЗМ

Гостиварпред 3 недели

Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар

Гостиварпред 3 недели

На Табановце лишен од слобода гостиварец поради сомнение за измама

Македонијапред 4 недели

Метео предупредување-Денови со снег, дожд и силен ветер

Спортпред 3 недели

Заврши кошаркарската година, КК Гостивар на 8 позиција

Гостиварпред 2 недели

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 2 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 4 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 6 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 10 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 10 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 12 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 1 година

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 1 година

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена