Вести
Gostivar future music festival: Младите музичари го наполнија плоштадот
Во духот на мултиетничноста и мултикултурата на Гостивар, помина синоќешното четврто по ред издание на музичкиот фестивал, Gostivar future music festival, организиран од Советот на млади. Фестивалот со кусо поздравно обраќање го отвори градоначалникот Невзат Бејта. Преку музиката беше испратена порака да се чува и негува соживотот и да се почитуваат различностите како голема придобивка на Гостивар.
Градскиот плоштад беше полн со публика, граѓани од сите возрасти излегоа да уживаат во музиката и да им ја дадат својата поддршка на младите музичари. Се пееше на македонски, на албански и на турски јазик, а бендот што ги придружуваше пејачите беше составен од музичари од различни националности.
На сцената настапија: DA LEE, Бети Јовановска, Миа Морина, Ник Велјаноски, Перо Пандилоски, Ебрар Мажар, Ердем Спахи, Бетиме Зулали, Џемс Иваноски и ди-џеите Нокаут, Делта и Хроник.
Настанот е дел од програмата за одбележување на Денот на општина Гостивар, 29-ти јуни.
-
Гостиварпред 2 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград