Поврзи се со нас

Гостивар

Гостивар го има првиот мултифункционален Центар за социјални услуги по нов модел

Објавено

на

Грижа и нега, рехабилитација, поддршка на независно живеење, одмена на семејна грижа и други услуги наменети за лица со попречености и нивните семејства, ќе се испорачуваат  во првиот мултифункционален Центар за социјални услуги во домот и заедницата, кој е отворен во Гостивар, а е наменет за потребите на граѓаните од целиот Полошки регион.

Денес се одржа презентација на моделот на Центарот на која присуствуваа Амбасадорката на Швајцарија во Северна Македонија, Вероник Хулман, министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, градоначалникот на Општина Гостивар, Арбен Таравари,  постојаниот претставник на УНДП во Северна Македонија, Арменд Григорјан,  државниот секретар на Министерството за труд Ресми Ејупи и други гости.

„Со создавање на нови и зајакнувањето на постојните човечки капацитети во заедницата и искористување на расположливите ресурси, придобивка ќе имаат граѓаните кои имаат потреба од нега и грижа, одмена на семејна грижа, рехабилитација, окупација, поддршка за независно живеење, окупација, активација и поддршка за вклучување на пазарот на труд, Во план е и преку овој центар да се испорачува и мерката од Оперативниот план-економија на грижа за регион на Општина Гостивар и тоа преку селектираната граѓанска организација Ресурсен центар. Обуките во рамките на оваа програма се во тек, со учество на 12 невработени, со можности за нивно вработување. Согласно програмата планирано е и воспоставување на верификуван тренинг центар за подготовка на здрава храна во поширокиот регион, за обука по 25-30 лица секоја година. Лицата ќе стекнат практични вештини во кулинарството, со кои ќе можат да конкурираа на пазарот на трудот“ рече Тренчевска.

Градоначалникот Таравари рече дека ова е корисен проект, којшто е роден од идеја, со воља и се реализира со поддршка на УНДП и Амбасадата на Швајцарија.

„Ние ја имавме идејата, УНДП не‘ поддржа, а Швајцарската Амбасада ни помогна да го реализираме овој проект. Како општина го пренаменивме објектот од поранешно приватно средно училиште, партнер ни е Ресурсниот центар, а моментално бараме партнер од приватниот сектор кој ќе не‘ поддржи за функционирање на кујната за подготовка на здрава храна за деца и возрасни. Би ги повикал сите заинтересирани компании да конкурираат на огласот за таа намена.“, рече градоначалникот.

Амбасадорката Хулман истакна дека Швајцарија во континуитет ги поддржува проектите кои го подобруваат животот на населението.

„Секогаш сме подготвени да помогнеме за подобар животен стандард на населението. Тука сме во Гостивар, да го отвориме овој прекрасен мултифункционелн центар, кој е наменет за помош на постарите и лицата со попречености. Ова е еден нов модел кој ги поддржува социјалните услуги. Се надевам дека овој модел ќе се покаже како успешен и ќе може да се имплементира и низ другите опшптини во Северна Македонија“, рече Хулман.

Постојниот претставник на УНДП, Григорјан истакна дека се работи за уникатен центар, кој недостасува во регионалната мрежа на поддршка на лицата со попречености.

„Центарот ќе ја претставува алката која што недостасува во регионалната мрежа на поддршка на лицата со попречености со цел уживање на сите права и живот на еднаква основа со сите останати, согласно насоките кои ги дава Конвенцијата на Обединети нации за правата на лицата со попреченост“, рече Григоријан.

Функционерите и гостите направија обиколка низ Центарот, ги разгледаа просториите, реквизитите, а имаа можност да поразговараат и со дел од претставниците на невладиниот сектор кој делува во областа на заштита на правата на лицата со посебни потреби, како и со корисници на услугите.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Македонијапред 3 часа

Почнува намалувањето на роаминг цените за дата податоци со земјите од ЕУ

Македонијапред 6 часа

ЦУК: Во последното деноноќие имало 39 пожари, од кои активни се шест

Македонијапред 9 часа

Од утре започнува исплатата на средства за субвенциониран студентски оброк

Вестипред 10 часа

Про-руската партија СМЕР ССД победи на парламентарните избори во Словачка

Рецептипред 1 ден

Слатко задоволство на многу генерации: Рецепт за лесна подготовка на туфахија

Гостиварпред 1 ден

Советничките Ќироска и Нешковска гости во „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ на Gostivarpress.mk

Занимливостипред 1 ден

На денешен ден..

Македонијапред 2 дена

МОН: Наменските платежни картички за субвенциониран студентски оброк може да се подигнуваат и во сабота

Гостиварпред 2 дена

УЖ на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар со активност по повод Светскиот ден на срцето

Гостиварпред 2 недели

Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…

Гостиварпред 3 недели

Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа

Гостиварпред 4 недели

Во Гостивар отворена работилница за бесплатна поправка на стари предмети-Помалку отпад, развој на занаетчиството

Гостиварпред 3 недели

Маврови Анови: Со црева краделе гориво од службени возила

Гостиварпред 3 недели

На гостиварска патарина уапсени машко и женско лице за киднапирање

Гостиварпред 1 недела

Пријави за четири физички и едно правно лице за легализација на дивоградба во Општина Маврово и Ростуше

Гостиварпред 3 недели

Пукна над гостиварска Горна Бањица-Старт на градежните работи на Коридорот 8

Гостиварпред 1 недела

Страотен случај во Гостивар: Мајка го оставила седуммесечното бебе само во куќа речиси дехидрирано

Гостиварпред 4 недели

Убава можност за музичко уживање во Гостивар: Концерт на Влатко Стефановски Трио, влезот е бесплатен

Гостиварпред 3 недели

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 4 недели

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 2 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 2 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 2 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Во Ниќифорово достоинствено и гордо одбележан 1 век од раѓањето на великанот Чеде Филиповски-Даме

Гостиварпред 2 месеци

Коњаницата „Бигорски Манастир–Патот на црешовото топче“ продефилира во Гостивар, најмладиот учесник е Никола од Тумчевиште

Гостиварпред 3 месеци

Завршна изложба на делата од ликовната колонија „Гостивар 2023“

Гостиварпред 3 месеци

Јунски пазарен ден во Гостивар со полни тезги, еве ги цените

Огласи за вработување:

Промотивно видео

АНКЕТА:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена