Вести
Гостивар го одбележа Денот на победата над фашизмот
Со свечен собир во присуство на граѓани, ученици, политички претставници и здруженија, во Гостивар беше одбележан 9-ти мај, Денот на победата над фашизмот. Настанот, кој се одржа во Летниот амфитеатар покрај Вардар, традиционално го организираше општинскиот одбор на Сојузот на борци.
На чествувањето беше прочитан пригоден реферат со потсетување на најважните историски моменти од Народноослободителната и антифашистичка борба. „Македонија слободата ја плати со 24 илјади човечки животи. Преку НОВ и учеството на антифашистичката коалиција успеа да извојува слобода и да формира држава 1.000 години по Самоиловата. Денес, на ова колективно паметење ја изразуваме нашата длабока и достојна почит и благодарност на сите учесници, борци и жртви на народноослободителната војна“, потенцираше во рефератот Ратко Гиноски, претседател на Сојузот на борци-Гостивар
Одбележувањето на 9-ти мај се заокружи со положување цвеќе пред споменикот на паднатите борци во градскиот парк. Со едноминутно молчење беше оддадена почит на оние кои го положиле животот за слободна Македонија.
На 9 мај 1945 година Германија ја потпишува својата капитулација во Втората светска војна, во која животот го загубиле милиони луѓе, датум кој се одбележува како Ден на победата над фашизмот. Војната е официјално завршена неколку месеци подоцна, со капитулацијата на Јапонија.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград