Вести
Гостивар го слави Велигден
Масовна прослава на големиот христијански празник Велигден во Гостивар. Река од народ го исполни соборниот храм „Пресвета Богородица“ како и централното градско подрачје. Православните христијани на полноќ заедно ја дочекаа веста за Христовото воскресение. Претходно се изврши трикратниот опход околу црквата со пеење на Воскресение Христе Твое Спасе. Со биењето на камбаните, се означи Велигден, празникот кога Исус станал од мртвите и ја докажал својата божествена моќ. Граѓаните си честитаа како што налагаат обичаите, со „Христос Воскресна-Навистина Воскресна“ и традиционално се кршеа со велигденските јајца. Одбележувањето на празникот продолжи со утрена и литургија на Свети Јован Златоуст.
Велигден се слави како празник над празниците, победа на животот над смртта. Обичаите и традиците се врзани со црвените велигденски јајца кои симболизираат повторно раѓање. Се верува дека тврдата лушпа на јајцето го претставува гробот на Исус, а кршењето на јајцата – воскреснувањето од мртвите. Палењето на свеќите пак е симбол на распространувањето на Исусовата светлина која никогаш не гасне. По обичај свеќата се носи дома и со неа се пали кандилото.
Верниците го продолжуваат велигденското славење утре, во кругот на најблиските со семеен ручек и подарување на вапсани јајца.
Во црквата „Пресвета Богородица“ утре (недела) во 17 часот ќе се служи вечерна богослужба со литија околу храмот.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди