Гостивар
Гостивар го усвои конечниот 10-годишен план за отпад, замена за Русино ќе се бара додека трае проектот
Советот на Општина Гостивар денес ја изгласа конечната верзија на Регионалниот план за управување со отпад во полошко, кој опфаќа период од десет години за имплементација на мерки и активности за подобро менаџирање со комуналниот смет во општините во Полог, како и за стандардизирање на Русино во санитарна депонија.
Претставниците на проектот за подобрување на услугите за управување со цврст отпад истакнаа дека ревидираната верзија доаѓа како резултат на разговорите меѓу општините и иницијативата Стоп Русино.
„Ревидирањето дојде како резултат на тој меморандум меѓу општините и иницијативата и вклучи две дообврски. Прво, затворање и последователна грижа за депонијата, што секако по закон е задолжителна обврска на секој оператор на санитарна депонија, но овде дојде како обврска во тој даден период. Второ, идентификација на нова локација за санитарна депонија, односно регионален центар за управување со отпад. Значи, во тој временски период, додека планот се имплементира, постои обврска да се изнајде нова локација.“, образложи Марјан Михајлов, експерт од проект.
Според најавите деновиве треба да отпочнат итните мерки за санирање на Русино, кои фирмата изведувач има обврска да ги заврши до 15 мај. Тоа подразбира градежни активности за да се спречи истекување на исцедокот од Русино, поставување на вага за мерење на ѓубрето што се носи, поставување рампа и куќарка.. Исто така, ќе има забрана за депонирање било каков друг отпад освен комунален.
Во втората фаза на планот се предвидува набавки на специјални возила за собирање и транспорт на ѓубре, контејнери, започнување со селекција на отпад како и градежни мерки на Русино, за да се овозможи депонирање на отпад во строго контролирани услови.
Регионалното претпријатие за менаџирање со отпадот во полошко е веќе формирано, а наредниот период треба да се отворат огласи за вработувања, со што и практично ќе започне со работа, како одговорно правно лице за управување со Русино.
-
Гостиварпред 3 месеци
Голем интерес! Гостиварци уживаа во кино под отворено небо
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Професионална масажа и физиотерапија „ФИЗИО БЕТИ“ нов салон во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Водата од водоводот во Гостивар загадена со бактерии, не е безбедна за пиење
-
Гостиварпред 3 месеци
Во ОВР Гостивар пријавена измама од адвокати за купопродажба на имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент при работна акција за уредување на црквата „Св.Петка“ во Галате
-
Гостиварпред 2 месеци
Трагедија во Гостивар: Дете починало на фудбалски тренинг
-
Гостиварпред 1 месец
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија