Гостивар
Гостивар годишно собира 1.300 до 1.500 единици на крв

Службата за трансфузиологија во гостиварската болница располага со доволно резерви на крв и крвни продукти. Крводарителството се одвива редовно и во услови на пандемија, велат одговорните.
Евидентиран е незначителен намален процент на крводарување, поради вонредните услови, што според одговорните нема влијание во менување на целокупната слика.
„За Гостивар може да кажам дека има хумани и дисциплинирани крводарители. Секогаш подготвени да помогнат и редовно даруваат. Кога се јавува потреба во некој момент од одредена крвна група, се случува и да ги повикуваме, а тие веднаш доаѓаат и даруваат крв.“, вели д-р Кадри Елези од Службата за трансфузиологија Гостивар
Оттаму информираат дека располагаат со доволно резерви на крв и крвни продукти, кои во најголем дел се користат за потребите на овдешните пациенти, но и болни во околните градови и на скопските клиники.
Гостивар годишно собира од 1.300 до 1.500 единици на крв.
Откако почна пандемијата крводарувањето се одвива според протоколи за заштита од коронавирус кои вклучуваат мерење на температура при влез, носење маски, дезинфекција и слично.
Во трансфузиологија изминатиот период доаѓаат и лица оздравени од ковид кои даруваат конвалесцентна плазма. Таа се користи во лекувањето на пациенти со ковид. И во тој поглед гостиварци се покажуваат како хумани луѓе со голем интерес несебично да помогнат на оние на кои им е најпотребно.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар