Гостивар
Гостивар-град на културата и соживотот, премиера на тријазичен документарец

Промовирање на Гостивар како град на културни збиднувања и текови низ минатото и сегашноста, негување на мултиетничност, соживот и заедништво-Со вакви цели е изработен документарниот филм со наслов „Гостивар-град на културата и соживотот“, кој денес беше премиерно прикажан на настан во Центарот за малди и заедницата.
„Станува збор за филм кој произлезе како резултат на соработка меѓу културните работници во Гостивар, и ги опфаќа сите хронолошки фази, почнувајќи од праисторијата, односно археологијата, потоа историјата на уметноста, градби кои се постоечки или веќе не се постоечки. Опфатени се фази од Втората светска војна, па периодот од 60, 70 и 80-ти години, има делови за развојот на музиката, театарот, поезијата…Документарниот филм е снимен на три јазици: македонски, албански и турски и тоа беше главата идеја, да ја прикажеме мултукултурноста на Гостивар и хетерогеноста на населението“, рече Даниел Ѓорѓевски, координатор на проектот.
Настанот беше отворен со музички настап на младите гостиварки Теодора и Росица Матески.
Со премиерата на филмот се затвори проект организиран во рамки на Регионалната програма за локална демократија на Западен Балкан – ReLOaD2, финансирана од Европската унија (ЕУ), а спроведувана од УНДП.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 1 месец
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава