Поврзи се со нас

Гостивар

Гостивар граду мој, во срце те носам – Свеченост во чест на 18 Ноември

Објавено

на

По повод Денот на конечното ослободување на Гостивар, 18 Ноември, претпладнево се одржа свечена манифестација. Настанот го организираше Општинскиот одбор на Сојузот на борци Гостивар, во соработка со основното училиште „Единство“.

„Заеднички го одбележуваме најзначајниот ден од историјата на Гостивар, кога за прв пат градот беше за вистински ослободен и се создадоа услови за слободен живот. Од тој ден нашиот град почна да пулсира како слободен град и да се движи по патеката на својот развој. Да ги афирмираме вредностите на нашето историско минато посебно вредностите од последната победоносна народноослободителна антифашистичка војна. Ги повикувам сите на кои човековото достоинство им е највисока вредност да продолжат да ги негуваат и чуваат слободарските традиции“, рече во поздравниот говор, претседателот на Сојузот на борци, Ратко Ѓиноски.

За историските димензии на празникот свое обраќање имаше професорката по историја во ОУ „Единство“ Катица Аврамоска.

„На денешен датум пред 78 години, Гостивар и околните села ја дочекаа слободата и ги почувствуваа зраците на слободарското ноемвриско сонце. Единиците на 15-тиот македонски ударен корпус со 41-вата и 48-тата дивизија во чиј состав беа првата македонска народоноослободителна ударна бригада, четвртата албанска бригада, шестата македонска бригада и двата баталјона од седмата бригада на 49-тата дивизија, со успех ги завршија задачите што беа добиени од Главниот штаб на Народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија за дефанзивно истерување на фашистичкиот окупатор. Со успешно завршените акции на ослободителните сили, градот Гостивар на 18 ноември беше ослободен. Радоста на граѓаните беше голема затоа што тој ден го означи крајот на окупацијата, крајот на мракот, а почетокот на новиот слободен живот на Гостивар, кој беше претпоследно непријателско упориште, пред конечното ослободување на Македонија.“, истакна Аврамоска.

Културно-уметничкиот дел од програмата на манифестацијата ја исполнија учениците на основното училиште „Единство“, кои со помош на своите учителки и наставници подготвија рецитации, музички и ритмички изведби.

Традиционално во чест на 18 Ноември се распишува литературен конкурс, кој годинава беше на тема: Гостивар, граду мој во срце те носам. Сите ученици од основните и средни училишта кои испратија свои творби, заедно со менторите добија благодарници.

За празникот, исто така се додделуваат плакети и признанија за поединци, организации и фирми поддржувачи на слободарските традиции.

Денешното одбележување заврши со положување на букети цвеќе на споменикот на паднатите борци од НОБ.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена